Ирена: Утринското кафе полека ми ги отвара очите и ме буди додека го пијам

Без оглед на работните ангажмани во текот на еден ден, Ирена Спасовска станува во 9 часот наутро и како што вели ги отпочнува своите ритуали. Пред се тука е цедениот сок, па кафето, фитнесот и се она што подразбира здрав начин на живот.

-Станувам околу 9 часот, па си цедам еден или два лимони во вода од пола литар. Потоа го пијам моето утринско кафе кое мора да биде турско и без шеќер, бидејќи сум толку поспана и како го пијам кафенцето така полека ми се отвараат и очите. Потоа одам на пилатес, есен час некаде од 10 до 11 вежбам. Потоа она неизбежно туширање со топла-ладна вода и малку си давам една оддишка. Бидејќи живеам во едно убаво место, Аеродром во Скопје каде што таму е нашата шема, си ја земам Луна, моето кученце и си правам еден круг низ тие кафичи, истакнува Ирена.

Притоа, како што додава Ирена,при нејзината прошетка низ тие кафе барови најчесто ќе сретне некој од своите колеги или познаници со кои го продолжува времето низ муабет. И да не се договориме, се наоѓаме, вели Ирена. Секако , тука се неизмежни муабетите од типот, кој, каде, бил. Што е актуелно во моментот и слично. Да се направи муабет со пријателите е секогаш добредојдено, истакнува Ирена и додава дека посебно нејзината грижа во текот на еден ден е кон нејзиното кученце Луна за кое се грижат заедно со ќеркичката Тамара.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*