Влатко: Има многу млади кои сакаат да научат да свират гајда

Иако се многу далеку од родната земја, корените си влечат по своето, како што впочем кажува и самата изрека а фактите се потврдуваат. Познатиот гајдаџија од Македонија кој живее и даботи во Австралија Влатко Вељаноски истакнува дека во далечната Австралија постои голем интерес за изучување на овој стар традиционален македонски инструмент.

-Има многу млади што сакаат да свират на гајда и многу е убаво што се негува македонската музика и овие традиционални инструменти и да се зачува традицијата. Има многу талентирани музичари, истакнува Влатко.

Според плановите Влатко има намера да обработи уште некои други инструментаки на својата гајда и да ги објави на едно заедничко ЦД како негов албум.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*