Благоја: Драго ќе ми биде ако некој пресними моја подзаборавена песна тоа ќе биде добро и за групата и за мене

Често пати во трката за конкуренција ние музичарите забораваме дека има многу убави стари песни кои може да се обноват, истакнува добро познатиот фолкер Благоја Грујовски, кој години наназад остава трајни вредности во македонската народна песна. Тој додава дека кон творењето на песната треба да се има еден поуметнички пристап, како и тоа песната да не се прави банално туку по професионално.

-Ако веќе се обновува некоја песна, да и се даде нов живот но, тоа да биде на професионален начин, на начин што одговара на денепните услови ,за да бидеме конкурентни колку што можеме повеќе на балканскиот и светскиот тренд.

Притоа , Багоја додава дека има доста заборавени негови песни и ставот околу препејувањето според него е позитивен доколку е во негова согласност препевот на песната.

-Би ми било драго некоја група да се јави и да побара да пресними некоја таква песна, уште ако успеат да ја направат популарна тоа ќе биде добро и за нив и за мене. Меѓутоа не ми е драго ако некоја моја сегашна песна , некој без прашање ја пресними. Тоа е веќе и законски недозволиво, истакнува Благоја.

На некои песни како законски наследник од неговиот татко се јавува Благоја а повеќето нови негови песни се од Јане Рафаиловски и Глигор Копров, две музички имиња со кои Благоја бечежи долгогодипна соработка.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*