Тања и во четвртата деценија изгледа беспрекорно, дури 15 години помладо

Иако е навлезена во четвртата деценија од својот живот фолкерката Тања Јовановска изгледа речиси петнаесет години помлада. Таа со својот беспрекорен изглед, плени при секоја појава на секој нејзин настап. Секако, таа е доста барана на голем број веселби и забави низ цела Македонија.

Можеби најповеќе за тоа е заслужна големата љубов која ја имаат заедно со сојот сопруг Младен, со кој иако се веќе заедно 17 години тие сеуште изгледаат како да се штотуку заљубени. Особено, големото внимание и разбирање кое Тања го добива од него е клучно за нејзиниот голем напредок и прекрасен изглед.

Тања во изминатиот период беше во центарот на вниманието кај јавноста со големите музички ангажмани на нејзината ќеркичка Драгана која имаше прекрасен настап надвор од нашата земја во Белорусија, каде привлече огромно внимание од тамошната публика.

Изминатата година Тања снимаше и спот во соработка со ИН продукција за песната, кој своевидно е посветена на нејзиното семејство и насловена како “Дишам за нас”.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*