Почина актерот Ванчо Петрушевски

Популарниот актер Ванчо Петрушевски почина на 67- годишна возраст. Тој денес го изгубил животот во трагедија. Веста за неговата смрт, за „Фокус“ ја потврдил актерот Сашо Тасевски, но додава дека не може да дава повеќе информации во моментот.

Петрушевски е роден во Скопје. Веднаш по завршувањето на Високата музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје се вработил во Драмскиот театар во Скопје.

Учествувал во голем број радио-драмски проекти, телевизиски драми, серии и слично. Познат е по своите улоги во Македонски народни приказни. Во 2016 година освои Државна награда 11 Октомври за остварување во областа на уметноста и културата.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*