Џеј Ло ѕвезда на MTV наградите

Вечерта која сите ја очекуваа се случи синоќа во Њујорк, кој беше домаќин на манифестацијата по повод доделувањето на видео музичките награди на MTV.

Стилски облечени и прекрасно нашминкани, многу познати личности кои беа дел од ова музичко случување беа во исчекување да освојат барем една награда.

Сепак, Камила Кабело со „Havana“ ја освои наградата Видео на годината, но исто така и наградата Изведувач на годината.

Карди Би ја освои наградата за Најдобар нов изведувач, додека таа заедно со Џенифер Лопез и Диџеј Калед ја докажаа успешноста на големиот хит за Најдобра соработка за песната „Dinero“.

Ѕвезда на вечерта беше Џенифер Лопез на која ѝприпадна честа да ја прими престижната награда „Michael Jackson Video Vanguard Award“, која им се доделува на музичари со големи постигнувања во светот на музиката и филмот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*