Оливера и “Тандеми” резервирани за новогодишната ноќ во Сиднеј

Официјално веќе се закажани првите настапи на Оливера Василевска и групата Тандеми во далечната Австралија. Како што претходно информиравме за нивната заедничка голема турнеја која се најавува за

крајот на оваа година, тие веќе за новогодишната ноќ се резервирани во Сиднеј, потврдуваат од групата Тандеми. Нивните подготовки се веќе во тек, а неодамна Оливвера при нејзиниот престој во родната Македонија реализираше заеднички проект со групата Тандеми, кој ќе им биде носечки на нивната прва заедничка турнеја во Австралија. За тоа како се пронајдоа тие истакнуваат дека е сосема случајно.

-Се пронајдовме на фејсбук. Ние одамна немаме соработувано со пејачка. Така не споија со нејзе. Ни се допадна Оливера како личност и како пејач па решивме да направиме нешто заедничко и со тоа да одиме преку океанот, истакнува Горан од Тандеми.

Предвидено е нивната заедничка турнеја да трае два месеци, со бројни настапи ширум цела Австралија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*