Гоце Петрески : Препејувањето на старите песни е добро, но како кавери во живо

Живее и работи во Австралија, но следи се што се случува на македонската естрада. Со оглед на тоа што во последно време доста често се препејуваат старите македонски песни, Гоце Петрески има позитивно мислење околу тоа, но само доколку песните се отпеани и отсвирени во живо како кавери.

Гоце Петрески-Бананата го поддржува препејувањето на старите македонски песни. Тој при гостувањето во ИН продукција го сподели неговото мислење со гледачите и истакна дека препејувањето е добро, но само ако биде како кавер отсвирен и отпеан во живо.

-Добро е ако е снимено како кавер, не е лошо, песните пак се слушаат и одржуваат. Да не биде како некој друг да се направи газда на истата песна, тоа не е добро. На жива свирка да се отсвири тоа не е лошо.-истакна познатиот пејач.

Гоце, кој што долги години опстојува на македонската естрада, апелира до младите пејачи и музичари, да се потрудат повеќе да снимаат авторски песни, бидејќи како што вели публиката сака да слушне нешто ново.

-Јас секогаш потенцирам, на народот му треба нешто ново. Прогресот во нашата музика е да се креира нешто ново, да се експериментира во стилови, да се види што е во тој момент барано и да се сними. Ни треба нас нова музика, ни требаат нови креации, нови видео записи и на луѓето да им биди интересно инаку со тие стари песни сето е добро, да се сними да се направи, но мораме да одиме напред. Неможам јас цел живот да ги пеам истите,Две золзи или Три кила банани. Луѓето бараат да слушнат нешто ново.

Задоволен сум бидејќи еве имаме продукција и професионални екипи кои што го поддржуваат тоа и радува фактот што моите колеги снимаат, си работат и тоа ни треба, новитети.-додаде Гоце, при гостувањето во емисијата “Промо”.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*