Влатко: Гајдата е барана и добро прифатена во Австралија

Влатко Вељаноски –Гајда кој втора година по ред доаѓа во родната Македонија од Австралија за да сними нов видео запис за свое ново инструментално дело на гајда, истакнува дека овој стар традиционален музички инструмент на кој тој свири е доста добро прифатен во далечната земја и е баран на речиси бројни забави и веселби.

-Гајдата добро е прифатена кај нас. Еве доста време и ја свирам,заедно со мојот состав “Соната Бенд ” од Мелбурн. Се враќам на 1 септември и веднаш имам работни ангажмани како свадби, крштевки и многу други прослави итн, истакнува Влатко.

Претходно во пролетниот период кога наша екипа од ИН продукција престојуваше во оваа далечна земја, Влатко заедно со својот “Соната бенд” снимаа видео запис за нивната “Мерак гајда” при што истакнува дека се презадоволни од реализираното.

-Задоволни сме со соработката со ИН продукција.Така сакаме и да продолжиме ние. Исто и колегите од бендот се задоволни така што и многу добро е прифатена “Мерак гајдата ” и кај нас во Австралија.

Влатко и минатата година дојде во родниот Охрид за да сними видео запис за “Модерна гајда”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*