Симона Поповска со нова песна

Поп-пејачката Симона Поповска деновиве ја промовира новата песна, „Ти си моја победа“. Комплетен автор на песната е Роберт Билбилов, и таа е во сосема поразличен стил од сите претходни песни на Симона. Пејачката викендов ќе го снима и спотот за песната, кој ќе биде готов за десетина дена.

Во меѓувреме, Симона ја промовира песната и во живо на своите свирки, а настапува со познатиот диџеј Ерик Фокс под името „Саунд месинџерс“.

 

 

mexpress.mk

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*