МОЈОТ СОН Е ДА ГО ПОКОРАМ СВЕТОТ, КАЖА МАДОНА ВО 1984 – ПОП КРАЛИЦАТА ПОЛНИ 60 ГОДИНИ

Поп кралицата Мадона денеска полни 60 години и тоа е можност да се направи осврт на нејзините 35 години кариера во музичката индустрија.

„Кои се вашите сништа?“, беше запрашана Мадона, гостувајќи во едно ТВ-шоу во 1984 година.

„Да го покорам светот“, брзо одговори таа.

Малку е да се каже дека Мадона успеала во тоа. Од излегувањето на нејзиниот дебитантски албум, едноставно насловен „Мадона“, во 1983 година, таа одработи десет светски турнеи и продаде повеќе од 300 милиони албуми, со што си обезбеди место во Гинисовата книга на рекорди.

Родена како Мадона Луиз Вероника Чиконе, таа пораснала во Рочестер (Мичиген), пред да се пресели во Њујорк, каде што учела танц и работела како модел.

„Мислам дека сѐ уште не е подготвена, но гледам основа на силен уметник“, изјавиле од едно студио, откако ѝ го одбиле првото демо во 1981 година.

Првата шанса ѝ ја дал газдата на „Сајр рекордс“, Симор Стајн, и така почна да се создава легендата за Мадона, која во децениите што следеа изврши огромно влијание врз музиката, модата, културата, статусот на жените…

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*