“Убавица си моја” и “Ленче комшивче” добиваат свои видео записи

Борче Наумоски -Министерот во соработка со ИН продукција деновиве снимаше два видео записи за песните “Убавица си моја” и “Ленче комшивче”. како што истакнува низ разговорот овие две песни се отпеани од негова страна на минатите изданија на фестивалот Роса, а сега дошло времет за тие две песни да си добијат свој видео запис.

-Снимавме два видео записи за песната “Убавица си моја” и “Ленче комшивче”, пени отпеани на Роса Фест 2016 и 2017 година.  Решив дури сега да снимам, сега најдовме и време. Навистина летниот период сме преангажирани , тука во Македонија, претежно цела естрада сме тука. Така најдовме и денеска ден и двата наеднаш да ги снимиме. Едниот веќе го одработивме и следниот кога ќе завршиме со интервјуто одиме на следна локација да снимаме, истакнува Борче.

Видео записот за “Убавица си моја”, во кој се појавува и модел од модно студио како статист, се снимаѓе во ппоранешните простории на фабриката Отекс во Охрид, додека пак вториот видео запис за песната “Ленче комшивче”, се реализираше во природните убавини на село Куратица и познатиот етно ресторан Дедо Димо. Очекувањата на Борче за новие два спота се да бидат добро прифатени од публиката и да бидат слушани песните.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*