Радмила Манојловиќ оди на лекување во Швајцарија

Пејачката Радмила Манојловиќ веќе со години се бори со болките во грбот поради пршлените кои ѝ прават притисок врз нервот.

Таа не само што трпи јаки болки, туку и во последно време има проблеми додека се движи, додека од друга страна, операцијата ја одложува за понатаму.

Овие денови Манојловиќ ќе отпатува за Швајцарија на лекување, каде цел тим на стручни лица ќе одлучат дали ќе биде и кога би се случила операцијата.

Имено, Радмила направи се за да не оди „под нож“, но поради работата не мирува доволно и со тоа не ѝ се поправи здравјето. По консултација со докторите од Србија, како и со киропрактичарот кај кого оди редовно, Манојловиќ има закажано итен преглед во една приватна клиника во Швајцарија.

„Радмила веќе некое време оди на физикална терапија, тие ѝ помагаат, но моментално тоа не е долгорочно решение. Во последно време се случува веднаш по настапот и патувањата назад во Белград, да мора да оди по масажи, за да и се намалат болките.“ – вели извор близок до пејачката.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*