
Младиот и талентиран Андреј Илиоски од Битола, иако е доста млад, тој е вистински виртуоз на кларинет. Покрај кларинетот, умее да свири и гајда, а во моментов изучува и зурла.
Релативно млад, а веќе доста успешен. Талентираниот музичар Андреј Илиоски свири на кларинет и гајда, а во моментов изучува уште еден традиционален македонски инстумент кој е доста атрактивен и баран на семејните прослави, а тоа е зурлата.
-Сега засега ми се тие инструменти, но почнувам малку да ја изучувам зурлата, сакам и неа да ја научам, како традиционален инструмент сакам да го знам и како за атракција. Истотака свирам кларинет, свирам и во Државното музичко училиште во Битола во класата на професор Спире Јованоски.-вели Андреј.
Инаку, младиот Андреј често настапува со Оркестар Маестрал од Битола, каде членува и неговиот татко Рубин. При интервју за ИН ТВ тој ни открива дека секој слободен момент го користи за спорт и рекреација, а најчесто сака да вози велосипед.
Leave a Reply