Љупчо Попоски: Во Австралија малку повеќе се слуша македонската песна

Долги години живее и работи во далечната Австралија па како еминентен и докажан музичар Љупчо Попоски се јавува како соработник на поголем број пејачи, што тука во Македонија, така и во Австралија. Сепак како што истакнува Љупчо, нема некоја голема граница помеѓу музиката во нашата земја и Австралија.

-Па, не би рекол дека се издвојува и овде што се случува, се случува и таму. Таму едвај чекаат нашите да се случи нешто и да доаѓаат на концерти. Музички тука е исто. И таму се слуша, можеби таму повеќе се попатриотски настроени, но исто е, вели Љупчо.

Иако својата музичка професија ја започнал со забавната музика, подоцна се префрлува во народниот мелос каде бележи бројни соработки со македонските пејачи како Сузана Спасовска, Наум Петрески, Фана Шомова и уште многу други музички легенди.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*