Наум повеќе преферира одмор во Албанија или Црна Гора

Летниов период е стациониран на охридско-струшката ривиера, после напорната австралиска турнеја од која пред еден месец се врати, а зад себе кратко кажано остави потоп. Легендата на македонската народна песна Наум Петрески сега одмара во родниот крај, каде бележи и приватни забави но и повеќе приватни седенки на кои тотално се одмара и опушта со најблските роднини и пријатели. Својот приватен одмор пак во изминатиов период Наум го реализираше во соседна Албанија.

-Веќе бев во соседна Албанија на седум дена, баш сум пријатно изненаден, многу напреднале. Албанија е многу отидена напред, значи за две години колку што не сум бил тогаш во Валона бев она што е изградено таму останав запрепастен. Направено е многу, плажите се направени како во Мајами, вели Наум

Наум додава дека не ја преферира многу Грција, како што вели лично не ја сака па повеќе преферира да одмара на другата страна кон Албанија или Црна Гора.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*