Наскоро нов албум од Гоце Петрески-Бананата

Во најскоро време ќе биде промовиран новиот албум од Гоце Петрески-Бананата. На албумот ќе има и дуетска песна со Анета од Молика, а Гоце се надева дека песните ќе и се допаднат на публиката.

Гоце Петрески-Бананата престојот во Македонија го искористи и за комплетирање на неговиот нов албум кој што треба да излезе во најскоро време. Како што ни откри во емисијата Промо, на албумот планирано е да има дванаесет песни, од кои еден дует со познатата фолк дива, Анета Мицевска од група Молика.

-Поводот е да се комплетира албумот кој што подолго време го спремам. При крај сум, уште две песни ни останаа да се завршат. Имам еден дует со Анета Мицевска од група Молика и една соло песна. Тоа да се комплетира да се направи албумот, па здравје боже да направиме и една мала промоција ако има време.-истакна познатиот пејач, при гостувањето во ИН Продукција.

Гоце планира да направи и официјална промоција во Австралија, како и неколку помали концерти во повеќе градови низ оваа земја.

-Планот е да се направи една промоција и некои помали концерти ширум Австралија, за да ги запознаам македонците таму со тоа што го работам, да видат каков нов материјал сум снимил па се надевам дека ќе им се допадне.-додава тој.

Инаку, Гоце пред извесно време ја промовира песната “Само ти” заедно со видео спот, која што според коментарите на јавноста и неговите соработници засега е одлично прифатена.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*