Русокосата фолкерка Ирена музичката кариера ја започнала на свои 14 години со забавна музика

Своите музички почетоци ги бележи пред тиресетина години, кога младата русокоса и доста атрактивна фолкерка Ирена Спасовска најпрво своите чекори ги направи во забавните музички правци. Иако малкумина како што вели таа, знаат дека својата музичка кариера ја започнала сама како соло пејач.

-Почнав на 14 години со една забавна песна, но како адолесцент ми беше малку срам да почнам со народна музика па другите да речат , другарките Ирена пее народно и кога пееш а не ти е баш при срце, не дека не ја сакам забавната музика, но сепак во тој период сметав дека ќе имам поголем просперитет со народната и набрзо на свои 16 години почнав да снимам староградски песни. Потоа дојде и Валандово фестивалот. Со свои шеснаесет и пол години бев најмлад учесник на фестивалот Валандово. Значи 30 години егзистирам на македонската фолк сцена, вели Ирена.

Притоа низ шега Ирена додава дека кога ќе каже 30 години, добива страв од таа бројка бидејќи се добива помисла дека има многу повеќе години, а како што вели сега се чувствува баш како да е во најубавите млади години. Со своите 45 години се чувствувам полна со енергија и дури мислам дека имам енергија како никогаш досега и со самото искуство , сметам дека сеуште можам да дадам за нашата музичка сцена, вели неуморливата и секогаш енергична Ирена Спасовска, при нејзиното гостување во ИН продукција. Овој период Ирена е работна со полна пареа на своите бројни настапи особено во Охридско-струшката ривиера. Додека пак од следниот месец септември таа планира снимање на нов спот како и некои други планови кои засега ќе останат тајна.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*