Оливера Василевска со заеднички проект со “Тандеми” за престојната австралиска турнеја

Младата и мошне музички талентирана Оливера Василевска заедно во придружба на познатата група “Тандеми” ја најавуваат својата голема австралиска турнеја на крајот од годината. Проектот, впрочем е на Оливера а како дел од овој проект , односно во придружба се јавуваат и “Тандеми”.

-Тоа е проект на Оливера, ние само го свириме тој проект. Вкупно има седум песни. Потоа ние ќе спремаме уште еден за нас за Австралија треба да се оди крајот на декември. Ова ни е прв пат што одиме таму, се надевам дека добро ќе не прифатат, добро ќе поминиме , тоа е најбитно, вели Горан од групата Тандеми.

Проектот всушност содржи седум кавер песни, од кои повеќето се македонски стари изворни песни а само две се српски.

-“Едно малој моме”, “Бог да бие Русе”, “Да ми пукнеш мила мамо”, “Каде после мене”од Благица Павловска, “Моме моли Бога мамо”, се песнте кои ги наброја Оливера.

Проектот е изведен во живо, а станува збор за извонреден проект со песни како што вели Оливера кои не се многу испеани.

-Сакав некои песни што не се многу испеани, зошто досадно ќе биде истата песна. Сакав нешто ново од мене. Тоа се подзаборавени песни и повторно да се вратат, додава Оливера.

Очекувањата на Оливера и Тандеми секако се големи, пред се убавиот помин во Австралија но и добрата забава која ќе ја направат за нашинците од дијаспората.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*