Влатко Велјаноски со прекрасно музичко парче “Сирулска гајда” во која се испреплетува и зурла

Најновото инструментално оро од познатиот гајдаџија Влатко Велјаноски “Сирулска гајда” наскоро ќе си добие свој видео запис. Деновиве штотуку завршија снимањата за ова негово ново музичко дело, кое се реализираше на пејсажните предели во преубавото Маврово, со взаемна соработка со ИН продукција.

Новина во оваа инструменталка на гајдата со Влатко е тоа што во еден фрагмент од орото се појавува и музичкиот инструмент зурла, која ја отсвирува познатиот инструменталист Џељо Дастановски.

-Со Џељо најповеќе се имаме преку фејсбук, се допишуваме како колеги и тука стапивме во контакт, па го прашав Џељо дали е во можност да присуствува на моето оро и прифати.

 

За тоа како се вклопуваат овие два музички стари инструменти објаснува и Џељо.

-Без проблеми. Како што знаат и гледачите навикнат сум да се вклопувам со сите инструменти. Пред се ми беше чест и задоволство што колегата Влатко ме повика, ме праша дали би сакал да направиме заедничко оро и со задоволство прифатив. Пред се ние сме колеги, другари. Се дружиме и се надевам дека и гледачите и слушателите ќе го прифатат орото како што и ние си го прифативме, истакнува Џељо.

Идејата за ваквиот потфат во една инструментална гајда да се вметне и зурлата била на Влатко, со оглед на тоа што станува збор за два народни македонски инструменти кои беспрекорно се вклопуваат во едно убаво спакувано музичко дело. Она што се сработи од страна на овие два врвни музичари останува само да се почека додека биде готово и да се ужива во преубавите звуци на гајдата од Влатко Велјаноски. Инаку периодов Влатко допатува од далечната Австралија и престојува во родната Македонија, при што го има на повеќе музички настани низ охридскиот регион.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*