Спасен Силјаноски : Песната “Не жали ме” ги исполнува сите критериуми за квалитет

“Сеуште сме во фаза на промоција на песната “Не жали ме”, но песната ги исполнува сите критериуми за она што значи квалитет.”-истакна познатиот фолк пејач Спасен Силјаноски во интервју за ИН ТВ.

Пред извесно време во емисијата “Промо”, фолк пејачот Спасен Силјаноски, направи кавер верзија на песната “Не жали ме”, заедно со виртуозот на дувачки инструменти, Џељо Дестановски и момците од Мулти бенд. Станува збор за стара песна која воопшто досега не беше испеана, а при неодамнешното интервју за ИН ТВ, Спасен истакна е задоволен од песната бидејќи истата ги исполнува сите критериуми.

-Сеуште сме во фаза на промоција на таа песна. Неможам да кажам дека постигна некој голем бум, но песната ги исполнува сите критериуми за она што значи квалитетна песна. Се надевам дека ќе биде и таа како Ќе ти дојдам, Мајка сине прашува или некои други мои песни.-вели фолкерот.

Спасен важи за еден од најбараните пејачи на македонската естрада, а тоа го покажуваат и бројните ангажмани кои ги има во летниот период, но и во текот на целата година. Деновиве, Спасен настапуваше надвор од нашите граници, односно во Маниса и Измир-Турција, а по неговото враќање во Македонија, продолжуваат настапите ширум целата земја на семејните веселби, но и разни манифестации.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*