Северина доби главна улога во филм

Иако има многу успешна музичка кариера, Северина одлучи да застане пред камерите и како актерка. Таа ја доби главната улога во новиот филм „Ти си принцеза“ на режисерот Петар Пашиќ.

Сценариото за филмот е на Душан Булиќ, а Северина ќе глуми средовечна пејачка, која во младоста била позната и ценета ѕвезда, но времето си го направило своето, остарела и ја заборавиле. Филмот е мелодрама, а се очекува да добие финансиска поддршка од Србија и Хрватска.

Инаку, ова не е првпат Северина и режисерот Петар Пашиќ да соработуваат, бидејќи тој работеше на три нејзини спота.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*