Профа бенд најавуваат настап на Лешочки фестивал

Познатата музичка двојка, Теодора и Горан од Профа бенд подготвуваат песна со која ќе настапат на годинешниот Лешочки фестивал. Тие периодов имаат и бројни настапи на семејните прослави.

Подготвуваат нова песна, која ќе биде наменета за фестивал. Од Профа бенд откриваат дека им претстои настап на познатиот Лешочки фестивал, а воедно најавуваат и спот за истата кој што ќе го работи ИН Продукција.

-Следно еве снимаме песна за Лешок Фестивал, тоа го планираме здравје Боже, па можеби ќе има спот. Односно веќе подолго време договараме спот со ИН Продукција, се надеваме дека конечно ете баш за оваа песна ќе се реализира.-истакна Горан Делевски, ексклузивно за естрадниот магазин Естрада плус.

Инаку, Профа бенд постојат веќе 5 години на македонската естрада, а нивната публика најчесто може да ужива во Гостивар, но како што велат од бендот, летниот период се актуелни семејните прослави, па месецов се веќе резервирани за свадбите.

-Најчесто сме во Гостивар, меѓутоа овој месец ќе бидеме повеќе зафатени со свадбени прослави бидејќи е сезона. Така да, обично сме Гостивар, но месецов ќе бидеме повеќе на свадби.-истакна женскиот вокал, Теодора Велкоска.

Тие не ја исклучуваат можноста, во есенскиот период да заминат и на турнеја надвор од нашата земја, бидејќи веќе се во преговори за патување во неколку подалечни земји.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*