Петар Маркоски : Денот неможам да го замислам без кафе

“Дефинитивно денот неможам да го замислам без кафе.”-открива Петар Маркоски при гостувањето во ИН Продукција. Тој вели дека покрај работните обврски и бројните свирки кои ги има летниот период, одвојува време и за неговите најблиски, но и за спорт и рекреација.

Летниот период му е исполнет со голем број работни ангажмани и свирки, но сепак се труди колку што може да најде време и за своите најблиски. Петар Маркоски при гостувањето во емисијата Промо, истакна дека и покрај бројните обврски, сепак има време за се.

-Без разлика како се одвиваат работите, времето го користам за свирење, летниот период за плажа, фитнес, за дружење со сите пријатели, за домашните, така да сепак имаме време за се.-вели Маркоски.

Младиот и талентиран пејач, кој умее да свири и виолина, ни раскажа и како поминува еден негов вообичаен ден.

-Станувам сабајле и си варам најпрво кафе, а додека ми се олади кафето јас го земам моето куче Бруно и го носам на прошетка бидејќи не пијам жешко кафе. Потоа малку свирам на мојата виолина, па одам на плажа, по што следува и ручек. Откако ќе се одморам, се подготвувам и заминувам на свирка.-изјави Петар.

Тој од сите задоволства го издвојува кафето бидејќи како што вели без кафе, дефинитивно неможе да си го замисли денот.

Во продолжение погледнете го неговиот настап во емисијата Промо на ИН ТВ !

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*