Благоја Грујовски: Фестивалите ги сметам за места каде може да се пласира добра песна

Фестивалите сеуште ги сметам како место на кое сеуште може да се пласира добра песна, смета фолкерот Благоја Грујовски кој долго време е застапен на македонскиот музички репертоар. Притоа, тој не ја исклучува можноста за да настапува на повеќето престојни фестивалски изданија.

-Тоа ќе биде случај и наесен, ќе настапам на Фолк фест Роса  тоа е јубилеен. Исто така радио Роса одбележува 25 години од постоењето. Таму ќе настапам со една нова песна, која требаше да ја изададам порано пролетва меѓутоа ја чувам на фестивал, да биде подобро претставена на фестивалот. Не би откривал која ќе биде содржината на таа песна само гарантирам дека ќе биде многу популарна и успешна, истакнува Благоја.

На кратко Благоја открива дека во самата песна се зборува за македонската песна. Па останува да бидеме трпеливи и да почекаме до фестивалското издание за да ја слушнеме новата песна од Благоја.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*