„Ту челос“ снимија спот во чест на Оливер Драгојевиќ

Онакви какви сте, така луѓето ве паметат. Спотот кој во чест на Оливер Драгојевиќ го подготвија Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер, членовите на дуото „Ту челос“, зборува како се памети сплиткиот пејач.

„Збогум наш убав ангеле, засекогаш те сакаат твоите Стјепан и Лука“, пишува за снимката на која покрај класична композиција се прикажуваат фотографии од легендарниот пејач.

Лука и Стјепан ја гледаат снимката во сала, покрај музиката има само тишина, а снимката остава без зборови.

Инаку, Оливер и „Ту челос“ многупати на сцена ја здружуваа својата уметност, а Драгојевиќ често им помагаше на младите изведувачи.

 

Zbogom Nas Lipi Andjele, zauvik te vole tvoji Stjepan i Luka ❤️🙏

A post shared by 2CELLOS (@2cellosofficial) on

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*