“Стари песни, стари другари” за два месеци собра скоро 100.000 прегледи на YouTube

Балкан бенд пред два месеци ја промовираа најновата песна “Стари песни, стари другари”, заедно со спот. Гледаноста на јутјуб каналот веќе достигнува 100 илјади прегледи, што доволно зборува за тоа колку истата е прифатена од јавноста.

Спотот и песната ги промовираа пред само два месеци, а гледаноста на видеото на јутјуб веќе се искачува на 100 илјади прегледи. Момците од Балкан бенд при гостувањето во емисијата “Промо” на ИН ТВ истакнаа дека се презадоволни од реакциите на јавноста за песната “Стари песни, стари другари”, а очекувањата се дека во иднина ќе бидат препознатливи токму по оваа песна.

-Го очекувавме ова, затоа што песната ја изработивме со Лазар и Магдалена. Тоа е таа наша позната двојка која што навистина работи многу убаво. Така да, во соработка со нив уште пред да ја снимиме песната претпоставуваме и очекувавме многу од оваа песна, па не не зачуди што сега засега поминува добро песната и се надевам дека уште повеќе ќе исплива и ете едноставно да стане хит и верувам дека по таа песна понатаму ќе не препознаваат како Балкан бенд.-вели Алексадар Тасевски, вокал на бендот.

Од Балкан бенд велат дека снимањето на спотот поминало во одлична атмосфера, а биле вклучени 80-90 статисти кои допринеле да се долови целата приказна на песната.

-Најпрво благодарност до фамилијата Голомеј, кои многу ни помогнаа за спотот бидејќи се снимаше во нивната приватна куќа. Го снимавме два дена, имаше многу статисти над 80-90, малку е напорно да се организираат луѓето за да дојдат во исто време, на исто место, многумина не прашуваат како е возможно тоа. Јас би рекол мораш малку да бидеш упорен поради тоа што е навистина тешко, толкав број на луѓе да ги донесеш на едно место. Приказната е јасна, самата песна и текстот кажуваат. Се случува на еден базен, правиме забава и навистина се забавувавме таа  вечер. Поминавме одлично и мислам дека и спотот го покажува тоа, местото е феноменално.-раскажува при гостувањето во ИН Продукција, Златко Анчевски, тапанар.

Инаку, момците од Балкан бенд се добропознати по одличните забави кои ги прават на фамилијарните прослави, а не изостануваат и настапите низ локалите. Зад себе имаат пет авторски песни и три спотови, а за следниот период најавуваат уште неколку нови песни.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*