“Лихнида кајче веслаше” постана балкански хит која и денес се пее и препејува

Кога ја отпеа во далечната 1986 година “Лихнида кајче веслаше” доајенот на македонската песна Ефто Пупиноски, ни од блиску не можеше да помисли дека ќе постане не само македонски туку и балкански хит. Песна која постана легендарна со специфично обележје на Охрид а која се препејува и ден денес од бројни музичари од соседството.

-Често кога правам некој ранг која песна до каде стигнала значи “Лихнида” достигнала од овие наши позиции на македонски јазик достигнала еден максимален дострел, постана бакански хит. “Туѓа си бескрајно” е македонски хит ама не ги пробила границите. “Лихнида” едноставно во моментот постана балкански хит, на просторите на бивша Југославија и во Бугарија, така да немаше простор да се изненадам. Се изненадив за “Туѓа со бескрајно” кога постана мега хит за сите генерации. Таа е испеана на фестивалот на народни песни во Камбера 1992 година, истакнува легендата на македонската песна Ефто.

Неодмна Ефто заедно со битолската група “Милениум” го обработија заедничкиот проект со одбрани хитовски песни од Ефто но и останати македонски нумери кој ќе им биде носечки материјал за нивната престојна турнеја во далечната Австралија.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*