Ирена Спасовска барана со настапи на охридско-струшката ривиера

Постојано ведра, забавна и неуморна со песната да направи беспрекорна забава и атмосфера. Една пд најпознатите наши пејачки младоликата , русокоса фолкерка Ирена Спасовска е секогаш подготвена за свој настап која речиси триесет години егзистира и прави хит песни на македонската естрада. Ирена во летниов период е најзастапена на охридско-струшката ривиера, впрочем каде што е сконцентрирана како што вели целокупната музичка енергија.

-Летниот период сите патишта одаат во Охрид. Не само на македонските пејачи, како што гледаме и српските се постојани тука, се растурија доаѓајќи овде овој период. Интересен е за сите а не за нас македонските пејачи. Сепак, ние не настапуваме на стадион но секако дека имаме одредени места, особено оние популарно наречени иселенички настани , за нашите иселеници кои што доаѓаат во нашата земја. Насекаде пееме, дали во Струга или охридскиот регион и така да повод на моето доаѓање беше баш иселенички настап и настап во ресторанот “Дедо Димо”, истакнува Ирена.

Во зависност од видот на настапит како што додава Ирена , репертоарот е различен на песни. Доколку е од отворен карактер публиката е малку подалеку и повеќе играат и се вложува повеќе труд па мора да се посвети внимание на сите, вели Ирена. Што се однесува пак до настапите од затворен тип тоа е поинтимен круг кога сите се поблиску и посплотени и се гледа да се усогласат желбите на гостите.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*