Владе Јованоски го промовира своето првенче

Младиот пејач Владе Јованоски, кој живее и работи во Мелбурн, Австралија, периодов престојуваше во Македонија, а целта беше промоција на првата негова песна.

Владе, кој е и професор по музика, го чекаше вистинското време за да влезе во студио и со проверен тим ја сними првата песна, „Ништо или се“.

-Имам 24 години и сега почуствував дека е вистинско време да се влезе во студио и да се сработи моето првенче. Музиката ја сакам од мали нозе, посветен сум и на неа целосно, но важно ми беше, откако ќе одлучам да снимам нешто свое, а со тоа да оставам белег на нашата сцена, внимателно да го изберам тимот со кој ќе соработувам, вели Владе.

Спотот се работеше во соседна Бугарија, а очекувањата се спотот и песната да бидат одлично прифатени од публиката.

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*