Веќе е во Австралија со подготовки за неговиот настап на Балканската вечер, Гоце е неуморен со своите настапи

Работните ангажмани кои ги имаше предвидено во летниот период, како и копнежот по родната земја особено неговиот роден град Прилеп, го навратија по втор пат да дојде годинава во својата земја. Гоце Петрески кој иако на кратко дојде по вотр пат во родната Македонија, се појави речиси на сите настани од јавен карактер, каде што беше побаран.

Честопати публиката имаше прилика да го види и во придружба на своите колеги каде е дел од бендот и свири на клавијатури, покрај неговата улога пеењето. Истиот ден на неговото повторно враќање  за далечната Австралија на фејсбук профилот од Гоце осамна снимка со изгрејсонце од неговиот роден Прилеп на која Гоце напиша:

-Македонско изгрејсонце пред заминување за Австралија Благодарам до сите мои роднини и пријатели за преубавото време што го поминав во мојата татковина, стои во фејсбук објавата на Гоце.

Периодов Гоце , веднаш по неговото пристигнување во Австралија ќе се подготвува за својот настап на 11 август во рамките на Балканска вечер во Sydenham Park Soccer Club со почеток во 19,30 часот. Со оглед на преголемиот репертоар на хитовски песни кои ги има Гоце но и новите песни кои ги сними , ќе бидат причина повеќе за сите љубители на неговата песна да бидат дел од овој голем музички настан.

 

Sabota 11 Avgust Goce Petreski gostuva na BALKAN NIGHT Sydenham Park Soccer Club 44 Robertsons Rd, Taylors Lakes Vic Pocetok 7.30pm Za karti: Ice 0410 449 754

Goce Petreski Bananata Sabota 11 AvgustSydenham Park Soccer Club44 Robertsons Rd, Taylors Lakes VicPocetok 7.30pmZa karti: Ice 0410 449 754

Gepostet von INTV am Mittwoch, 18. Juli 2018

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*