“Нинанајна” од Елена, препеана на турски јазик

Евровизиската песна „Нинанајна“, која ја отпеа поп-пејачката Елена Ристеска, е преработена на турски јазик, а за неа е снимен и спот.

Елена на својата официјална страница го пушти видеото од турската преработка, среќна што и по 12 години, како што вели, песната сè уште е интересна за слушање и пеење.

„Малку поинаква верзија на ‘Нинанајна’, преработена на турски јазик. По речиси 12 години, сè уште е интересна за европската публика. Сепак, она што останува и што се запишува во историјата се песните, сè друго е неважно“, вели Елена.

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*