“Мулти Бенд” зад себе бележат и една реализирана Австралиска турнеја

Летниот период максимално работен и за познатиот Мулти Бенд од Скопје. Покрај бројните настапи, нив ги има и на свадбените свечености особено во Скопје, Струмица, Гевгелија како и низ цела Македонија. Со еден сбор каде што ќе ги побараат, Мулти Бенд излегуваат насекаде во пресрет, но тие зад себе имаат и една остварена австралиска турнеја.

-Тоа беше 2013 година. Три месеци бевме во Мелбурн и во Сиднеј. Само што се составии бендот за неколку месеци добивме понуда за Австралија да одиме. Тоа е соработка со колеги. Едни колеги не можеа да отидат, Цаки “Кисми” не можеа да отидат и преку препорака отидовме место нив. Бевме прво во Мелбурн, потоа во Сиднеј. Тоа беше едно добро и убаво искуство, истакнува Роберт од Мулти Бенд.

Нивната австралиска турнеја била реализирана во месец август а пред публиката во оваа далечна земја, Мулти Бенд понудиле широк спектар на музика, каква што впрочем публиката барала од нив.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*