Гоце Петрески внесува посебна атмосфера каде што ќе се појави

Престојот во родната Македонија за Гоце Петрески Бананата е нешто посебно, ако се има во предвид фактот што тој е застапен на сите седенки, приватни дружби, но и веселби. На социјалната мрежа фејсбук постојано се пласираат видео снимки каде Гоце е во придружба на своите блиски пријатели и роднини во Македонија, но и свои колеги музичари со кои се придружува кон свирката.

Покрај неговите постојани дружби во неговиот роден Прилеп, Гоце го има и во останатите краишта од нашата земја. Чести се неговите дружби со колегите и од Охрид, како и постојаните гостувања во музичките емисии на повеќе телевизиски куќи.

Неговата голема бараност се должи најповеќе пред се поради музичкиот квалитет кој го поседува но и големите хитови кои ги има оставено зад себе, а кои помладата  публика и денеска ги препејува.

Дел од приватна забава во придружба на Гоце (видео)

HOTEL INEX GORICA SO Goce Petreski Dzevat Ramadanoski Vlatko Cema Samardziev

Gepostet von Rubinco Pashata Veljanoski am Sonntag, 29. Juli 2018

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*