Богата музичка програма за празникот Св. Петка во Оровник

Голема прослава и богата културно-уметничка програма ќе се одржи на 7-ми и 8-ми август во манастирот Св. Петка во Оровник. На 7-ми август, по 20 часот свој настап ќе има Даниела Темелковска, а на 8-ми август ќе настапи младиот Дамјан Стојаноски. И двајцата че бидат придружувани од група Чардак. Програмата ќе биде збогатена и со КУД Мислешево-Струга и Караџиќ-Србија.

По повод празникот Св. Петка, на ден 07.08.2018 ( вторник ) во истоимениот манастир во Оровник од 19 до 20 часот ќе се одржи богослужба, а веднаш потоа започнува музичката програма со настап на фолк пејачката Даниела Темелковска, која ќе биде придружувана од групата Чардак.

Следниот ден на 08.08.2018 (среда) со почеток од 10 часот ќе започне богослужба, а воедно ќе се избира и нов кум. Музичката програма ќе започне во 11 часот и 15 мин со настап на Дамјан Стојаноски, кој истотака ќе биде придружуван од група Чардак. Во богатата културно-уметничка програма е вклучен и настап на КУД Мислешево и КУД Караџиќ од Србија. Од црковниот одбор информираат дека свечениот ручек ќе биде во 13 часот и 30 минути, а забавата со Дамјан, продолжува се до вечерните часови.

Медиумски покровител на настанот ќе биде сателитската австралиска ИН ТВ.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*