Спектакуларен јубилеен концерт одржа Оркестар Маестрал

Спектакуларен концерт одржа Оркестар Маестрал од Битола, по повод 30 години постоење на македонската естрада. Присутните гости, покрај во нивните хитови имаа можност да уживаат и во песните на Спасен Силјаноски, Татјана Лазаревска, Христина Илиоска и Профа бенд кои беа специјални гости на концертот.

Оркестар Маестрал пред многубројната публика и преполната сала “Барон” во Битола, одржа спектакуларен концерт по повод 30-годишнината од постоењето на македонската естрада. Маестралци отпеаа бројни нивни хитови кои низ сите овие години се доста слушани и барани од јавноста. Убавата атмосфера беше надополнета со песните на познатите музички имиња Спасен Силјаноски, Татјана Лазаревска, Христина и Андреј Илиоски, како и Профа бенд кои важат за нивни блиски соработници. Еве што истакнаа дел од музичарите за тамошната атмосфера.

-Јас сум со Маестрал секогаш близок, не само на колегијална база, туку и приватно. Така да, на сите нивни поголеми манифестации ја имам таа чест да бидам еден од почесните гости, нормално јас за возврат ја давам сета моја енергија и љубов, така да се чувствувам едноставно прекрасно и уживам.-истакна еден од најбараните фолк пејачи, Спасен Силјаноски.

Прекрасно се чувствувам, полна сала луѓе, прекрасен амбиент, се е супер.-вели младата Христина Илиоска.

Чувството е прекрасно. Сакам да им се заблагодарам за поканата да учествувам на овој јубилеј, 30 години од Оркестар Маестрал. Чувството да се настапува пред толку голем број на луѓе е прекрасно.-изјави Андреј Илиоски.

-Ние бевме предгрупа на Оркестар Маестрал, атмосферата е навистина прекрасна. Нашите колеги од Маестрал се покажаа како вистински домаќини и чест ни е што сме тука, им благодариме на поканата.-велат од Профа бенд.

Маестралци беа пресреќни бидејќи преголемата посетеност од страна на нивните блиски роднини, пријатели и соработници, ги надмина нивните очекувања.

-Посетеноста се гледа преку вашите камери, навистина има што да се види. Повеќе од очекуваното. Имавме официјален дел од концертот, па се префрламе на забава, затоа што луѓето повеќе се дојдени за играње и забава, меѓутоа мораше да помини и официјалниот дел, да се кажат повеќе информации за Оркестар Маестрал. Прекрасно, со еден збор.-вели Иле, вокалот на Оркестар Маестрал при интервју за ИН ТВ.

Инаку, Оркестар Маестрал на 3-ти август ќе бидат дел од Охридската иселеничка забава која ќе се одржи во хотел Амбасадор, а веќе на 22-ри Август заминуваат на големата турнеја во Америка.

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*