Силви Плевнеш истакнува дека порано фестивалите беа забава и дружење

 

Ги сакавме фестивалите и токму поради тоа настапувавме многу, вели познатата Силви Плевнеш од бендот кој претставува репер за македонската забавна музика во 90-те години. Силви Бенд беа неизоставен дел од низата фестивали кои се случуваа во нашата земја и како што велат, тие три минути значеа многу за нас пејачите.

-Тоа беше најубавото порано.затоа ги сакавме фестивалите Влатко и јас и затоа настапувавме многу. Три минути беше пласирањето на нашата композиција, но многу поважно ни беше дружењето позади сцената и тие три минути додека гостуваме во тој град каде што се одржува фестивалот или дружбата, љубовта, споделувањето на емоција. Сега се сменија работите. Верувајте, страшно е деградирачки кога директорот на фестивал ќе ви каже “извинете но спонзорот ме обврза неговото дете да победи или да ја добие оваа награда”, а претходно ве вика да гостувате на фестивалот за познатите имиња да го подигнат реномето на фестивалот, вели Силви.

Впрочем, поради ваквата ситуација голем дел од поранешните пејачи се повлекуваат од фестивалите, додава Силви. Сепак Силви бенд ги има сеуште и опстојуваат на музичката сцена со доста поголем квалитет кој го пласираат , особено со нивниот последен албум “Ромален” и сценскиот мјузикл “Коштана” кој веќе трета година по ред го изведуваат пред публиката ширум нашата земја.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*