Нови кавери и видеа најавуваат момците од група Соната-Штип

Нови кавери и видеа, најавуваат момците од група Соната-Штип. Преку овие преработки тие сакаат да се претстават во нашата земја, но и во дијаспората преку сателитската ИН ТВ.
Деновиве интензивно се работи на новиот материјал од група Соната-Штип. Од бендот ексклузивно за естрадниот магазин “Естрада плус” откриваат дека станува збор за нови кавери. Тие велат дека во најскоро време ќе изработат и видео за нивната верна публика.
Нивната цел е преку овие кавери да се претстават во Македонија, но и во дијаспората, се разбира преку единствената сателитска музичка ИН ТВ.
Нивно последно музичко остварување е песната “Прости ми мајко”, за која снимија и прекрасен спот во соработка со ИН Продукција.
На следниот линк може да го погледнете нивниот спот !

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*