Кристијан Тасевски сними спот за песната “Земја Световна”

Песната “Земја Световна” од Кристијан Тасевски ќе си добие и спот. Видеото се снимаше во околината на Велес и покрај Велешкото езеро, во соработка со ИН Продукција.

Младиот и талентиран пејач, Кристијан Тасевски сними спот за песната “Земја Световна”. Снимањето се одвиваше околу Велешкото езеро и околината на Велес, во соработка со ИН Продукција. Кристијан е презадоволен од тоа како помина снимањето, а очекувањата се дека песната ќе биде одлично прифатена од јавноста.

-Снимањето помина подобро од очекуваното, во една прекрасна атмосфера. Од она што можев да погледнам, сум презадоволен бидејќи тимот на ИН Продукција направи навистина доста интересни кадри. Очекувањата се дека песната ќе и се допадне на публиката и заедно со спотот ќе си го пронајдат своето место во македонската музика.-истакна Кристијан, ексклузивно за Естрадниот магазин “Естрада плус”.

Орце Гелевски, Ели Танасковска и Дејан Момировски се тимот кој се погрижи за песната.

Инаку, преку стиховите на песната “Земја Световна”, се опишуваат сите убавини со кои изобилува нашата земја, а истата е проект поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*