Иако е далеку од родната земја, Љупчо Попоски- Попе сеуште твори македонска музика

Љупчо Попоски –Попе, познато име во македонската музика особено во поодминатите години, каде се јавува како музичар, аранжер и текстописец на бројни музички пејачи. Посебно важи за близок соработник но и пријател на фолк легендата Наум Петрески со кој бележи настап на фестивалот Цветници во ‘93та година.

-Ние се дружиме со Наум години наназад. Тогаш Наум настапуваше на ‘Цветници” со песната “Свирачу скитнику”, јас бев со гитарата и шеширот, тој “Свирачу скитнику” и така направивме една незаборавна песна, истакнува Љупчо.

Инаку Љупчо кој е по потекло од Охрид, речиси од 1993 година живее и работи во далечната Австралија каде има и свое музичко студио, во кое твори македонска музика.

-Со народна музика почнав многу рано. Прво забавно па народно. Првата композиција ми беше “Ноќва сум осамена” од Благица Калева на “Валандово”, потоа Фана Шомова “Еј, спомени”, “Отвори врати меано стара” од Наум, потоа Сузана Спасовска “Бог не ни проштева ” и многу други. Отидов во Австралија, го организирав еден фестивал “Мајска вечер”, беше доста успешен фестивал, но за жал не можевме финансиски да го поднесеме , да продолжи и тамупродолжив со соработки со наши пејачи, истакнува Љупчо.

Помеѓу другото Љупчо и покрај тоа што живее и работи во Австралија, минатата година напиша текст за ќерката од Наум Петрески, Анастасија со која таа настапи на фестивалот “Цветници”.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*