Група “Милениум” со позитивни очекувања од заедничкиот проект со Ефто Пупиноски

Заедничкиот проект на Битолската група “Милениум” со Ефто Пупиноски ќе им претставува главна потпора за нивната престојна австралиска турнеја. Секако нивните очекувања се пред се најпозитивни ако се има во предвид фактот што низ проектот се испреплетуваат бројните хитовски рефрени од доајенот Ефто, но и дел од други попознати песни.

-Од овој проект секако дека имаме позитивни очекувања. Првенствено да одоговори пред публиката во Австралија. Секако имаме концерти со Ефто, а секако соработката ќе продолжи и натака. Имаме одлична соработка а и овај концерт одлично го сработивме, истакнува Златко до групата “Милениум”.

Гурпата “Милениум” за прв пат бележи соработка со легендарниот Ефто Пупиноски, при што се задоволни од остварената соработка и не ја исклучуваат можноста за понатамошни реализации. Во Австралија ќе одат во месец октомври а предвидени им се седум концерти во поголемите австралиски градови. Очекуваат пред се добар помин и позитивна атмосфера од нашинците во дијаспората.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*