По 7-ми пат ќе се одржи “Охридска Иселеничка забава”

На 3-ти Август во хотелот Амбасадор, ќе се одржи традиционалната Охридска Иселеничка забава која е во организација на Радио Лав. Забавата ќе се одржи по 7-ми пат, а ќе настапат Влатко Миладиноски, Дамјан Стојаноски, Татјана Лазаревска, Оркестар Маестрал, сетоа тоа збогатено со познатите Вевчански зурли.

Традиционално, по 7-ми пат ќе се одржи “Охридска Иселеничка забава”, во организација на Радио Лав. Оваа посебна пригода, на сите македонци кои живеат надвор од земјава, а летниот период го користат да дојдат во своето родно место, им овозможува да се потсетат на убавините на Македонија и прекрасната македонска традиција и песна.
Присутните гости ќе имаат можност да уживаат во песните на познатите македонски музички имиња, Влатко Миладиноски, Дамјан Стојаноски, Татјана Лазаревска и Оркестар Маестрал од Битола, а сето тоа ќе биде збогатено со звуците на зурлите и тапани, од неповторливите Вевчански Зурлаџии.
Забавата ќе се одржи на 3-ти август (петок) во хотел Амбасадор, со почеток од 20 часот.
Мени картата чини 1000 ден, а покрај богатото мени, вклучен е неограничен пијалок, како и богата лотарија.

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*