Петар Маркоски за ИН ТВ : Преголемата љубов кон музиката ме натера да се вратам на сцената

По три години пауза, но со голем хит, Охриѓанецот Петар Маркоски се враќа на музичката сцена. При гостувањето во емисијата Промо, тој истакна дека е презадоволен од реакциите и коментарите на јавноста за неговата најнова песна “Уна Сињора”.

Направи мала пауза од музичката сцена, но сега повторно се враќа и тоа со голем хит. Петар Маркоски пред извесно време ја промовираше неговата најнова песна која носи наслов “Уна Сињора”, заедно со спот. Младиот пејач гостуваше во емисијата “Промо”, при што истакна дека е презадоволен од тоа како е прифатена песната, а се разбира и од коментарите кои секојдневно ги добива од неговата публика, блиските пријатели и соработници.

-Па искрено, најпрво со голем страв го започнав овој проект, бидејќи самото тоа што се измешани неколку јазици во песната ми претставуваше на некој начин и мал ризик како ќе го прифати тоа народот затоа што на моменти публиката знае да биде повеќе критичина и сепак моментот е во прашање дали ќе го слушаат или не и како ќе реагираат,  но ете од првиот момент кога ја објавивме песната имавме прекрасни коментари за истата. Сите ни честитаа, имаше и луѓе со кои досега воопшто не сме ни искомуницирале, а ни дадоа многу пофални зборови.-вели Маркоски.

По паузата од три години, Петар вели дека она што го натерало да се врати на сцената е преголемата љубов кон музиката и пеењето.

-Поминаа три години. Во меѓувреме снимив некои преработки на виолина, но далеку од она што го правам, а тоа е компонирањето и пишувањето песни. Извесно време паузирав, не само јас туку и целата естрада во еден момент беше како разнишана. Пејачите се сведоа на една рака, оние кои што останаа тука во Македонија да творат музика. Тоа можеби е затоа што немаше доволно медиумска поддршка, па на некој начин и јас паднав во таа блага депресија да кажам, да престанам да пеам, но ете се случи некој пресврт во целиот тој период во тие три години, каде што сфатив дека навистина ова е мојата љубов која што сакам да ја негувам долго време.-додаде тој при гостувањето во ИН Продукција.

Следниот период, Петар ќе продолжи да работи со полна пареа, а веќе најавува и нова песна која ќе излезе за скоро време.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*