Август месец исполнет со работни ангажмани за Благоја Грујовски

Успева да стигне буквално насекаде каде што ќе биде побаран и да направи прекрасна забава и веселба доколку тоа е народна. Благоја Грујовски е неуморен кога е во прашање песната, особено онаа народната која тој ја негува.

-Работните ангажмани се вообичаени во летната сезона. Сега е токму шпиц на сезоаната. Моментално сум во Охрид и охридско со некои мој ангажмани, настапи. Август месец исто така исполнет со многу ангажмани и настапи ,така што генерално работата ни се врти околу тоа. Ова е сезона кога се прават свадби , кога нашите иселеници доаѓаат во Македонија на одмор и се разбира имаат потреба и желба да слушнат македонска музика вели Благоја.

Впрочем токму преку ваквите музички веселби и слави во летниот период заживуваат голем број млку подзаборавени места низ нашата земја. Како што додава Балгоја, има доста изведувачи кои може да ги задоволат барањата за настапи во сите вакви средини.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*