Христина Илиоска сними нови кавери

Иако е релативно млада и нова на музичката сцена, Христина Илиоска неуморно работи на својата кариера. Во студиото на ИН Продукција, таа ги претстави нејзините најнови кавери.

Младата Христина Илиоска, полека но сигурно чекори на македонската естрада. Таа живее и работи во Америка, а краткиот престој во Македонија го искористи да сними неколку кавери на познати хитови.

-Првата песна е од Цеца, Ако те она одбије, а втората е Јави се отерај тугу од Шемса. За овие песни се одлучив бидејќи првите песни ми беа во побрз стил и сакав да направам мала промена, се надевам нема да згрешам.-истакна Христина, при интервју за ИН ТВ.

На видеото кое го снимаше во ИН Продукција, Христина беше придружувана од младиот клавијатурист Иле Иваноски, кој воедно е професор по клавир во Нижото музичко училиште во Прилеп.

Христина не ја исклучува можноста во следниот период да сними и нешто свое авторско. Таа деновиве се подготвува за настапот на големиот концерт на Оркестар Маестрал каде воедно членува и нејзиниот татко Рубин.

-Секако дека се подготвувам и со огромно задоволство го очекувам тој концерт. Се надевам дека ќе имаме голема поддршка пред се од роднини, пријатели, колеги музичари.-додава талентираната пејачка.

Инаку, Христина по враќањето во Америка, продолжува со нејзините работни обврски и бројни настапи.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*