Секоја година настапува на различни места, Спасе Матлијоски причилно најбаран низ охридско –струшката ривиера

Важи за еден од најбараните музичари на охридско-струшката ривиера, речиси го има на секоја селска слава, веселба  и слично. Младиот стружанец Спасе Матлијоски е неизоставен од секој настан од јавен карактер при што прави незаборавни веселби со песните кои ги пее пред публиката.

-Летово е во шпицот, во жетвата. Доста свирки, свадби. Исто така и во црквите за празници и по секакви веселби. Па, во нашиов регион се организираат доста веселби во цркви за празници. Секоја година сум во различни места и затоа можеби така е тоа. Не се повторуваме секоја година на исто место, меѓутоа во нашиов крај се прават доста такви прослави и претежно сум и на такви места , покрај свадбите и другите веселби, истакнува Спасе.

Репертоарот со кој настапува Спасе е шаренолик, со оглед на тоа што пее во живо и мора да бидат застапени весели песни. Притоа освен неколкуте негови хитови, изведува песни и од неговите колеги кои се хитови и барани по веселбите.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*