По јубилејниот концерт, Маестралци заминуваат на турнеја во Америка

Оркестар Маестрал ја најавуваат големата турнеја во Америка која започнува на 22-ри август, а завршува на 9-ти септември. Во октомври ќе остварат неколку настапи во Шведска, а Новогодишните празници ќе ги поминат на турнеја во Австралија.

Оркестар Маестрал во моментов се сконцентрирани на последните подготовки за нивниот 30-годишен јубилеј од постоењето на македонската естрада. При нивното гостување во емисијата Промо, Маестралци ја најавуваат и големата турнеја во Америка.

-Од 22-ри август до 9-ти септември ќе бидеме на турнеја во Америка. Се работи за конвенција, односно собир на православните македонски цркви во Америка и Канада, оваа година ќе биде во Чикаго, во црквата Св. Кирил и Методиј. Сакам да го поздравам претседателот Горан Миленковски, како и Јован Тороманоски и Сашо Шамбески кои што се дел од целокупната организација.-истакна Александар, еден од членовите.

После тоа, следува и кратка турнеја во Трелебург, Шведска каде ќе останат недела дена. Новогодишните празници ќе ги поминат во Австралија, каде ќе остварат бројни концерти низ сите градови кадешто ги има нашите македонци.

-Отрплика околу осум концерти и 2-3 фамилијарни веселби, но во меѓувреме би можело да излезе уште некоја веселба. Поздрав до друштвото Вардар кои се организатори од Перт, таму ќе настапиме за Нова Година. Потоа за Божиќ сме во Голд Кост, па Камбера, на 19-ти Јануари во Илинден-Сиднеј и 26-ти во Мелбурн. Па повторно се враќаме во Перт, бидејќи таму имаме една фамилијарна веселба, претходно во Мелбурн. )

Тие зад себе имаат бројни турнеи надвор од земјава, а се надеваат дека и наредните ќе бидат успешни и доста посетени како претходните.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*