Орхан Роки сними нови видео записи

Нови видео записи сними Орхан Роки, кој важи за еден од најпознатите музичари во Австралија. Видеата се снимаа на повеќе локации во прекрасниот Охрид, а во соработка со ИН Продукција.

Орхан Роки, еден од најпознатите музичари во Австралија, кој свири на кларинет, престојот во Македонија го искористи за да сними неколку видео записи. Станува збор за кавери на “Киманово оро”, “Чочек” и “Моја гајда”.

Видеата се снимаа на неколку прекрасни локации во Охрид, односно на Охридското крајбрежје, во соработка со ИН Продукција.

Тој очекува истите да бидат одлично прифатени од јавноста и се разбира, да бидат доста барани на семејните прослави.

Орхан има и голем број настапи со бројни музички имиња од македонската естрада, а ја издвојува соработката со Благоја Грујовски, Јордан Митев, Џесика Палашоска, Спасен Силјаноски и многу други.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*