Наум Петрески пријатно изненаден што во Австралија сеуште се негува македонската музика

Големи впечатоци кои сеуште се свежи во сеќавањата, со оглед на тоа што нема ни месец откако Наум Петрески се врати од големата австралиска турнеја. Зад себе остави навистина прекрасни концерти на кои се пееше исклучиво македонска музика, на која македонците во оваа далечна земја се веселеа најмногу.

-Премногу сум задоволен од таа турнеја. После 9 години бев на турнеја во Австралија и баш пријатно сум изненаден што сеуште се негува македонската музика. Иако се прават таму балкански некои забави, тоа е измешана музика. Ние пеевме исклучиво македонска музика. Благодарност до групата Легато бенд, прекрасни музичари. Многу сум пријатно изненаден , во Австралија има и солисти и извонредни музичари. Помина турнејата во многу добро рсположение. Распродадени концерти што многу ретко се случувало, уште од времето кога бевме со Гоце Николовски. Се беше до перфекција, истакнува Наум при неговото гостување во ИН продукција.

Притоа, Наум изразува благодарност до македонското социјално друштво Св. Наум Охридски од Мелбурн за подршката и организацијата која ја имаа таму.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*