Група “Милениум” и Ефто Пупиноски со заеднички проект на турнеја во Австралија

Проект со одбрани македонски народни песни, подготвија во изминатиов период познатата група од Битола “Милениум” и доајенот на македонската народна песна Ефто Пупиноски. Овој проект всушност, ќе им биде носечки материјал за нивната престојна австралиска турнеја која ја најавуваат за есенскиот дел, поточно месец октомври.

-Ова беше првично во договорот за турнејата за Австралија. Кога ја договоривме турнејата, тој договори за тука да настапиме, во организација на општина Пробиштип, така да една одлична манифестација која во секој случај ја ценам и почитувам и во иднина нека продолжи вака. Ние настапивме во оркестарскиот дел на Ефто Пупиноски. Настапивме со негов репертоар. Веќе пред некј месец ни беше најавен репертоарот се подготвивме и мислам дека беше супер, истакнува Златко од групата “Милениум”

Од овој заедничи проект имаат позитивни очекувања првенствено да одговори на пубиката во Австралија, за нивната заедничка престојна турнеја. Златко додава дека соработката ќе продолжи и понатака. Групата “Милениум” ја бележи својата прва австралиска турнеја.

-Прв пат одиме Австралија. Ова е еден проект пред турнејата, за прв пат настапивме со легендата на македонската музика Ефто Пупиноски. Во Австралија сме од 2 октомври до крајот на месецот. Имаме седум концерти а настапуваме во Сиднеј, Мелбурн и Перт, истакнува Стевче, од групата.

По речиси којзнае кој пат океанот ќе го помине и Ефро Пупиноски кој е неминовен дел од заедничкиот проект со Милениум.

-Не би ги проел моите одења во далечната земја, тоа е помеѓу 10 и 20 пати. Прво се надевам дека ќе биде макар онака како што години наназад сум гостувал во Австралија и била веселба максимална. Инаку ние воспоставивме еден принцип таму. Еден час е концертен настап, а потоа следува една општа веселба. Нема што друго да кажам освен да се повтори она што со години се повторува. Веселба која добар период ќе се памети, вели Ефто.

Заедничкиот проект на групата Милениум и Ефто Пупиноски беше промовиран на неодамнешната кутлруна манифестација во Пробиштип.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*